Гроздени Дупки — археолошко наоѓалиште кај гевгелиското село Кованец. Претставува населба од железното време.

Се наоѓа на околу 1,5 км западно од селото, високо над десниот брег на Кованска Река. На платото што е зарамнето и со површина од 120 × 70 м се среќаваат фрагменти од рачно изработени керамички садови со груба фактура.

Поврзано Гробишта — населба и некропола од доцнантичкото време Ѓурова Нива — населба од доцнантичкото време Лешките — населба од доцнантичкото време Манастир Св. Атанас — населба од железното и доцнантичкото време Мучарад - Дубрава — сакрален објект од средниот век Чешмата — населба од доцноантичкото време

Наводи