Гробишта — археолошко наоѓалиште кај гевгелиското село Кованец. Претставува населба и некропола од доцната антика.
На околу 300 м источно од селото, во нивата на С. Тасевски и во соседните ниви се среќаваат фрагменти од керамички садови, тегули, имбрекси и градежен материјал. Има и големи количества згура, што упатува на рударски активности, а по површината се гледаат и големи камени плочи од гробни конструкции од типот циста.
Поврзано Гроздени Дупки — населба од железното време Ѓурова Нива — населба од доцнантичкото време Лешките — населба од доцнантичкото време Манастир Св. Атанас — населба од железното и доцнантичкото време Мучарад - Дубрава — сакрален објект од средниот век Чешмата — населба од доцноантичкото време
Наводи