алт=Замокот Шарлоттенборг Мотала Шведска|мини|Замокот Шарлоттенборг Мотала Шведска Шарлотенборг (Charlottenborgs slott) е велепоседнички дом во Мотала на брегот на Мотала во округот Естерјетланд, Шведска.

Замокот бил изграден во средината на 17 век од грофот Лудвиг Вирих Левенхаупт (1622-1668) и именуван во чест на неговата сопруга, Шарлот фон Хоенлохе-Нојштајн (1626-1666). Шарлотенборг била поранешна резиденција на генералот Адам Лудвиг Левенхаупт (1659-1719) и инженерот Даниел Фрејзер (1787-1849). Куќата од средината на седумнаесеттиот век, е прикажана со гравирање во топографијата Suecia antiqua et hodierna од Ерик Далберг (1625-1703), таа била изградена на помодерен начин во осумнаесеттиот век.

Од 1959 година, дворецот е во сопственост на Општина Мотала. Денес во Шарлотенборг се наоѓа Музејот Мотала, со изложби за локалната историја. Музејот исто така изложува и уметност од 17 век до 20 век. Меѓу застапените уметници има дела од Бруно Лиjeфорс (1860–1939) и Јохан Крутен (1858–1932).

Наводи

Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Врамена карта без назнака за OSM-однос на Википодатоците Категорија:Замоци во Шведска