Бигланско Градиште — археолошко наоѓалиште кај виничкото село Лаки. Претставува градиште од доцната антика.

На 4 км југоисточно од селото, од десната страна на патот Виница - Берово (Р1304), на простор од околу 180 × 80 м се гледаат темели од помали објекти, а по површината градежен материјал. Остатоци од бедемот има на неколку места. Од јужната страна на градиштето е всечен длабок одбранбен ров.

Поврзано Анџиски Валови — населба од средниот век Градиште — градиште од доцноантичко време Грамади — градиште од доцноантичко време Манастирот — црква од средниот век Могила — тумул од железно време Сејменски Преслап — некропола од средниот век Стара Кула — кастел од доцноантичко време Црквата — црква од средниот век Црквиште — црква од средниот век

Наводи