Саботините Гробишта — археолошко наоѓалиште кај виничкото село Пекљани. Претставува населба и рударска јама од доцната антика.

На 1 км северно од селото, во нивата на Геро Христов, при обработувањето на земјата е откриена рударска јама вкопана 2,5 м под површината, со окно високо 1,5 м и широко 1,40 м. На површината на нивата има многу фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди.

Поврзано Долови — населба од римско време Колник — некропола од доцноантичко време и средниот век Рашка — рударска населба од римско време Студен Кладенец — могили од римско време Сушица - Дуборово — населба од римско време Црквиште — населба од доцноантичко време

Наводи