мини|Стјуарт Витман-Ина Балин во „Команчерос“ „Команчероси“ (англиски: The Comancheros) – американски филм од 1961 година, во режија на Мајкл Куртиз по сценариото на Џејмс Едвард Грант и Клер Хафејкер, засновано на романот на Пол Велман. Автор на музиката е Елмер Бернстајн. Главните улоги ги толкуваат: Џон Вејн, Стјуарт Витман, Ли Марвин, Ина Балин, Мајкл Ансара итн. Ова е последниот филм на легендарниот режисер Куртиз, кој за време на снимањето бил тешко болен.HRT, Komančerosi, američki film (12) - Ciklus klasičnog vesterna (пристапено на 31.10.2021)

Синопсис Дејствието на филмот се одвива во 1843 година. Откако убива човек во двобој, коцкарот Пол Регрет (го игра Витман) мора да бега за да се спаси, зашто убиениот е син на месниот судија. На бродот, Пол ја запознава слободоумната и убава девојка Пилар (ја игра Балин) и со неа ја минува ноќта. Утредента, Пилар исчезнува, а Пол е уапсен од тексашкиот ренџер Џејк Катер (го игра Вејн). Додека јаваат низ индијанската територија, Џејк и Пол пристигаат на една фарма каде наоѓаат масакрирано семејство. Тие им копаат гробови на убиените, но притоа, Пол го удира Џејк со лопатата и успева да избега. По некое време, Џејк добива нова задача: да се уфрли меѓу Команчеросите, опасни разбојници кои за своите цели ги злоупотребуваат Индијанците. Тој се претставува како трговецот со оружје Ед Мекбејн при што започнува да работи заедно со Тули Кроу (го игра Марвин). Во една прилика, Џејк и Тули се приклучуваат на една партија карти во која игра и Пол Регрет...

Наводи

Категорија:Американски филмови Категорија:Вестерни Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 1961 година Категорија:Филмови на Мајкл Куртиз Категорија:Филмови со Џон Вејн Категорија:Филмови со Ли Марвин Категорија:Филмови со Стјуарт Витман Категорија:Филмови со Ина Балин Категорија:Филмови со Мајкл Ансара