Градиште I — градиште и некропола од доцноантичкото време. На источната периферија на селото, на висок рид кој има доминантна положба над целата околина, на зарамнетото плато се гледаат темели од бедем. По целиот простор се среќаваат множество парчиња од покривни ќерамиди, а наместа и од керамички садови и питоси. Биле најдени и неколку монети. На 200 метри западно од бедемот, на широка падина се гледаат контури на гробови градени од камени плочи. Неколку од нив биле раскопани и, според податоците добиени од жителите, биле пронајдени керамички садови и монети кои не се зачувани.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Градиште II — градиште од доцноантичкото време и старохристијанска црква; Грамади — населба од доцноантичкото време; Жизница — населба од доцноантичкото време; Манастир — старохристијанска базилика; и Слатина — могила од доцноантичкото време.
Наводи
Категорија:Ратево