Фалсификуван купон ( ) е новела во два дела од Лав Толстој. Иако идејата за приказната Толстој ја замислил кон крајот на 1890-тите, започнал со пишување дури во 1902 година, а ја завршил новелата во 1904 година. Објавена е по неговата смрт во 1910 година.R. F. Christian, Tolstoy's Diaries Volume II 1895-1910 (1985) Athlone Press, p. 452. December 13, 1897, Tolstoy lists The Forged Coupon as one of thirteen "subjects which can be, and deserve to be worked up properly." p. 473, Dec. 20, 1899, Tolstoy thought about the story and thought "Perhaps I'll write it."
Содржина Прв дел Првиот дел се состои од 23 глави во кои се опишуваат несреќните слички предизвикани од еден фалсификат. Сѐ почнува кога Фјодор Михајлович Смокников одбива да му позајми три рубљи на синот Митја за да го исплати долгот. Затоа, тој се обраќа до другарот Махин, кој го наговара да го фалсификуваат купонот, а потоа со него купуваат во еден фотографски дуќан. Фотографот Евгениј Михајлович подоцна го открива фалсификатот и со него ги плаќа дрвата за огрев што ги купува од селанецот Иван Миронов. Тој, пак, плаќа со купонот во кафеаната, но таму го откриваат фалсификатот и тој е затворен. Подоцна, Миронов го тужи фотографот за измама, но тој го поткупува домарот Василиј кој лажно сведочи против Миронов. Откривајќи ја можноста за лесен живот, Василиј почнува да краде и добива отказ, а потоа пропаѓа, живеејќи како скитник и крадец. Петар Николаевич Свентицки е вреден и успешен домаќин кој се однесува добро кон селаните кои работат на неговиот имот. Иден ден, Иван Миронов му ги краде коњите, а за кражбата Свентицки обвинува еден од работниците и тој завршува в затвор, а потоа пропаѓа. Сопругата на фотографот го препознава Митја и го пријавува во гимназијата кај професорот по веронаука Веденски. Тој го обвинува Митја пред целиот клас, а тој пак ѝ признава за кражбата на мајка си која ѝ ги враќа парите на жената на фотографот. Фјодор Смокников го напаѓа професорот Веденски дека неправедно го обвинил Митја, а по таа кавга Веденски се замонашува. Миронов живее како коњокрадец, но еднаш го фаќаат селаните и го убиваат при што еден од нив, Степан Пелагејушин, завршува в затвор, а по ослободувањето станува убиец. По кражбата на коњите, Петар Николаевич целосно се менува и станува лош кон селаните кои при една кавга го убиваат. Во исто време, во едно мало место живее Марија Семјоновна, чесна и вредна жена. Еден кројач, поучен од нејзиниот пример, почнува да го проповеда Евангелието и привлекува повеќе селани, кои се откажуваат од црквата. Затоа, владиката го испраќа Веденски во тоа село за да се бори против отпадниците, а за извршената задача тој е унапреден. Во Петроград доаѓа на студии Катја Турчанинова која се бори за еманципација на жените. Нејзиниот пријател Тјурин е затворен за социјалистичка пропаганда, а по неуспешните молби за негово ослободување, таа се обидува да го убие министерот, но не успева и така и таа е затворена. Еднаш, дознавајќи дека штотуку ја добила пензијата, Степан влегува во станот на Марија Семјоновна и најпрвин ги убива сите присутни, а потоа и неа.Лав Николајевич Толстој, Хаџи Мурат и друге приповетке. Просвета - Рад, Београд, 1983, стр. 168-211.
Втор дел Вториот дел се состои од 20 глави. По тоа убиство, кај Степан настапува силна душевна промена и не можејќи да го издржи товарот на совеста тој се предава на полицијата и така повторно завршува в затвор, но ниту таму никако не може да ја заборави Марија Семјоновна, па дури с еобидува и да се обеси. Во истиот затвор се наоѓаат и Василиј, какои еден од селаните кои се затворени како отпадници од црквата. Од него, Степан го прифаќа Христовото учење, учи да чита, душевно се смирува и станува потполно нов човек. Во меѓувреме, Махин завршува право, станува судија и покажува голем интерес за случајот на Степан и за неговата преобразба. Неговата пријателка Лиза Јеропкина е воодушевена од Марија Семјоновна и, следејќи го нејзиниот пример, го прифаќа Христовото учење, па дури успева да го преобрази славниот стар монах Исидор. Старецот го канат да одржи проповед пред царското семејство, но поради неговите ставови по казна го преместуваат во еден далечен манастир чиј управник е Веденски. Сепак, Исидор успева да го преобрази Веденски, кој ги ослободуав другите затворени монаси, а потоа се повлекува во друг манастир. Василиј, пак, бега од затворот и ограбува еден богат трговец, а парите им ги дели на сиромашните. Сепак, тој е пак затворен и испратен во прогонство. По убиството на Петар Николаевич, неговата сопруга Наталија Ивановна дознава за смртната пресуда на двајца селани, се смилува на нив и поднесува молба за нивно ослободување. Царот не ја прифаќа молбата и селаните се обесени, а потоа него го гризе совеста. Постепено, работата на фотографот Евгениј Михајлович пропаѓа, но никој не сака да му позајми пари за да се спаси од банкрот. Меѓутоа, еден ден, кај него доаѓа непознат човек кој му дава пари и така тој се спасува. Десет години по фалсификувањето на купонот, Митја Смокников работи како инженер во рудник за злато во Сибир. Таму, тој го запознава Степан и, под негово влијание, дава отказ, го напушта дотогашниот живот посветен на задоволствата, купува имот, се жени и води мирен живот, а претходно се помирува со татко си.Лав Николајевич Толстој, Хаџи Мурат и друге приповетке. Просвета - Рад, Београд, 1983, стр. 211-240.
Толстој новелата ја пишувал по неговото изопштување од руската црква, и затоа ужива во укажаната прилика да ја разобличи „псевдопобожноста и лицемерието на организираната религија“. Сепак, тој цврсто верува во човечката способност да ја најде вистината, така што надежта е присутна во делото, особено во вториот дел, кој покажува дека и добрите дела можат да влијаат на другите луѓе како домино-ефект, на ист начин како што тоа го прави злото во првиот дел.R. F. Christian, Tolstoy's Letters Volume II 1880—1910 (1978) Charles Scribner's Sons, p. 733. In the index, under "Tolstoy, Lev Nikolayevich, works:" there is the index entry False Coupon, The, 515, 639—640.
Адаптации Роберт Бресон својот филм „Пари“ (1983) го засновал на првиот дел од романот, пренесувајќи го дејството од царска Русија од раниот деветнаесетти век во современа, капиталистичка, Франција.Moravia, A. (1998). L'Argent. In J. Quandt (Ed.), Robert Bresson. Toronto: Cinematheque Ontario Monographs, p. 408 Филмот Замрзната земја () е мрачна финска филмска драма од 2005 година, режирана и напишана од Аку Лоухимес, базирана на првиот дел и сместена во современа Финска.
Поврзано Библиографија на Лав Толстој
Наводи
Категорија:Дела на Лав Толстој Категорија:Руски романи Категорија:Постхумно објавени романи