Славица Николовска-Зафировска (р. во Скопје) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица. По завршувањето на Театарската академија во Загреб, 1971 година, таа се вработила во Драмски театар - Скопје каде работела сè до нејзиното пензионирање. Нејзината глумечка игра ја одликувала лирската боја и поетско интонирани сценски толкувања.
Филмографија Зафировска ги остварила филмските улоги: Година Филм Улога 1971 Некаде морам да те чекам ТВ-филм 1972 Клупа во Јурјевска ТВ-серија 1972 Истрел ТВ-филм 1973 Новогодишен карусел ТВ-филм 1977 Пресуда ТВ-филм 1981 Црвениот коњ ТВ-филм 1982 Јужна патека ТВ-филм 1982 Илинден ТВ-серија 1982 Исчекување ТВ-филм Розе 1985 На наш начин ТВ-филм 1985 Од зад грб ТВ-филм 1985-1987 Случки од животот ТВ-серија Маја 1986 Климент Охридски ТВ-филм Владимира 1986 Солунски патрдии ТВ-серија 1987 Ѕвездите на 42-та ТВ-филм Мајката 1987 Народни трубадури ТВ-серија 1988 Скопски сновиденија ТВ-филм 1988-1992 Еурека ТВ-серија Госпоѓа Едисон 1988-1990 Чук, чук Стојанче ТВ-серија 1988-1992 Тврдокорни ТВ-серија 1989-1991 Трст виа Скопје ТВ-серија 1989-1993 Македонски народни приказни ТВ-серија 1990-1991 Опстанок ТВ-серија 1994 Прекалени ТВ-серија Мајката на Марко 1995 Во светот на бајките ТВ-серија 2000-2001 Светот име осум страни ТВ-серија 2002 Наше маало ТВ-серија 2005 Обични луѓе ТВ-серија 2008-2009 Народни приказни ТВ-серија 2012 Скопје ремикс ТВ-филм 2012-2015 Македонски народни приказни ТВ-серија Домаќинката 2016 Операција дијамант ТВ-серија Газдарицата 2019 Втора шанса ТВ-филм 2024 Македонски стари приказни ТВ-серија
Театарски претстави Џон Пиплфокс од Владо Малевски, р. Тодорка Кондова-Зафировска, Драмски театар - Скопје 1965; Тројанки од Еврипид, р. Љубиша Георгиевски, Драмски театар - Скопје 1966; Гртко од Љубиша Ѓокиќ, р. Сава Комненовиќ, Драмски театар - Скопје 1967; Танцот на трендафилите од Валери Петров, р. Бојан Дановски, Драмски театар - Скопје 1967; Зборот дупка не прави од Жарко Петан, р. Франци Крижај, Драмски театар - Скопје 1967; Цвета — Свадба од Васил Иљоски, р. Димитрие Османли, Драмски театар - Скопје 1972; Задржливиот подем од Бертолт Брехт, р. Мјечислав Ѓуркиевич, Драмски театар - Скопје 1972; Девојката — Ништо од Артур Копит, р. Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје 1972; Мустаките на Генералот Рококајко од Ристо Давчевски, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1972; Клара — Хајди од Јохана Шпири, р. Димитар Христов, Драмски театар - Скопје 1973; Џеси — Дејство на гама зраците врз сенишните невени од Поп Зиндел, р. Наум Пановски, Драмски театар - Скопје 1973; Вишновата градина од Антон Павлович Чехов, р. Тодорка Кондова-Зафировска, Драмски театар - Скопје 1973; Таа — Димна Јуда град градила од Душко Наневски, р. Виолета Олева, Македонски народен театар 1974; Евгенија — Болва в' уво од Жирж Фејдо, р. Димитрие Османли, Драмски театар - Скопје 1974; Хенрих Четврти од Луиџи Пирандело, р. Виолета Џолева, Драмски театар - Скопје 1974; Едно срце — Брод со зелена брада од Маја Грујовиќ, р. Србољуб Станковиќ, Драмски театар - Скопје 1975; Настењка — Бели ноќи од Достоевски, р. Борко Зафировски, Македонски народен театар 1975; Готвачка — Шекспир во приказна од Чарлс, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1978; Стела — Трамвај наречен желба од Тенеси Вилијамс, р. Димитрие Османли, Драмски театар - Скопје 1979; Луси — Дракула од Дин Хамилтон, р. Љупчо Тозија, Драмски театар - Скопје 1979; Лидија — Чехон подбиена среќо моја од Леонид Маљугин, р. Сава Маркус, Драмски театар - Скопје 1980; Лиза — Васа Железнова од Максим Горки, р. Димитар Ќостаров, Драмски театар - Скопје 1980; Марица — Сомнително лице од Бранислав Нушиќ, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1981; Жената на Леонардо — Крвави свадби од Федерико Гарсија Лорка, р. Крум Стојанов, Драмски театар - Скопје 1981; Умна глава од Оливера Николова, р. Кирил Ќортошев, Драмски театар - Скопје 1983; Холи — Фоксфаер од Хјум Кронин, р. Богдан Поп Ѓорчев, Драмски театар - Скопје 1984; Учителката — Карамазови од Душан Јовановиќ, р. Паоло Маџели, Драмски театар - Скопје 1984; Цвета — Свадба од Васил Иљоски, р. Димитрие Османли, Драмски театар - Скопје 1986; Вали — Стапица од Тадеуш Рижевич, р. Богдан Хусаковски Драмски театар - Скопје 1987; Зорица — Сказна за времето од Љубиша Ѓокиќ, р. Љубиша Ѓокиќ, Драмски театар - Скопје 1988; Слугинка — Татко од Август Стримберг, р. Тодорка Кондова-Зафировска, Драмски театар - Скопје 1989; Клеопатра — Самоубиец од Едвард Бонт, р. Бранко Ставрев, Драмски театар - Скопје 1990; Жоржет — Балканот од Жан Жене, р. Ивица Кунчевиќ, Драмски театар - Скопје 1991; Шортс — Дамите од Аламо од Пол Зиндел, р. Виолета Џолева, Драмски театар - Скопје 1993; Сосрета — Жени во народно собрание од Аристофан, р. Димитар Христов, Драмски театар - Скопје 1994; Убиј ме душичке од Несин Азис, р. Виолета Џолева, Драмски театар - Скопје 1997; Баба — Чест од Васил Иљоски, р. Виолета Џолева, Драмски театар - Скопје 1998; Платонов од Антон Павлович Чехов, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1999; Сопругата — Хамлет од Долго Гаштани од Иво Брешан р. Мето Јовановски, Драмски театар - Скопје 2004.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Глумици од Скопје Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци