Старавински манастир — манастир во јужниот дел на Македонија, на северозападните падини на планината Ниџе, во месноста Старавинско Тумбе во близина на селото Старавина.
Историја Манастирот бил основан со изградбата на старата манастирска црква во 1860 година.„Старавина, Мариово – откријте ја приказната за Калеш Анѓа“. Оф Роуд - Македонија. Од мермерна плоча пред влезот на новата црква се забележува дека таа била изградена во 2006 година.
Градби Во склоп на манастирот влегуваат две цркви, конак, параклис, крст и помошни објекти.
Црква „Св. Атанасиј“ (стара)
Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Внатрешноста на црквата не е зографисана, но е богата со бројни икони.
Црква „Св. Атанасиј“ (нова)
Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со шестаголна апсида на источната страна и осумаголна купола со по една монофора на секоја страна.
Параклис „Св. Преображение“ Параклисот се наоѓа во непосредна близина на манастирот. Тој претставува летниковец со квадратна основа во којшто има свеќарници и макета на црква.
Настани Во манастирот се слават празниците посветени на патрониот светец Свети Атанасиј Велики на 14 и 15 мај, како и Преображение Христово на 18 и 19 август.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Старавина Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Преспанско-пелагониската епархија