Чешма — археолошко наоѓалиште кај скопското село Бардовци, Општина Карпош. Претставува осамен наод од римско време.

Местото на водоводот е на околу 2 км од градската територија на Скупи, на 1 км од асфалтниот пат за селото Бардовци и на 200 м западно од железничката пруга Ѓорче Петров - Качаник. При земјоделските работи е пронајдена надгробна плоча со латински натпис и со димензии од 245 × 75 × 25 см. Во правоаголното поле на фронтонот се наоѓа релјефна претстава на сцена со задушна гозба. Плочата се наоѓа на местото каде што е откриена.

Поврзано Зад Воденицата — населба од римско време

Наводи