Тумба или Круша — археолошко наоѓалиште кај скопското село Стајковци, Општина Гази Баба. Претставува населба од неолитот и римско време.
Помеѓу селата Стајковци и Сингелиќ, во Поповско Маало се наоѓаат нивите на С. Младеновски каде што има развлечена и слабо забележлива тумба која зафаќа простор од околу 2 хектари. По површината се среќаваат многубројни археолошки наоди како: фрагменти од керамички садови, кремени и камени орудија, куќен лепеж, а поретко се среќаваат и фрагменти од римска керамика.
Површинските наоди се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.
Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Скопско
Наводи