Бежине или Брежине — археолошко наоѓалиште во кумановското село Табановце. Претставува населба од римско време.

На десниот брег на Табановачка Река, западно од Арсина Воденица, на голема површина се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и многу градежен материјал.

Поврзано Падалиште — населба од римско време Црквиште - Костурац — населба од средниот век Џабинка - Аништа — објект од средниот век

Наводи