Дејан Алексиќ ( во — во ) — новинар и публицист, член на друштвото „Вардар“ и на националното движење МАНАПО.

Животопис Тој бил припадник на студентското и комунистичкото движење. Како студент на Правниот факултет, учествувал во студентското движење на Универзитетот во Белград. Бил член на друштвото „Вардар“ и активен во движењето на МАНАПО. Станал член на КПЈ во 1939 година. Бил главен и одговорен уредник, редактор на весникот „Наша реч“ (орган на КПЈ за Македонија) до 1941 година. Весникот покрај текстовите на српски печател ѝ статии на македонски јазик. Истата 1941 година станал член на Месниот воен штаб во Куманово (септември-октомври, 1941 година). По излегувањето на кумановските партизански одреди на 12 октомври, 1941 година, преминал во Скопје во илегалност. Бил фатен и уапсен од страна на бугарската полиција, која го предала на Недиќевата власт. Бил затворен во белградскиот затвор „Главњача“ и на „Ада циганлија“, до крајот на 1942 година. Кон крајот на 1944 година пристигнал во Скопје. Работел како новинар во весникот „Нова Македонија“ и во претставништвото на Танјуг.

Наводи