Градиште 1 ― археолошко наоѓалиште во виничкото село Виничка Кршла. Претставува некропола и тумули од железното време. Југозападно од селото, на повисок рид пристапен од североисточната страна се наоѓаат три тумули доста развлечени. Првиот има пречник од 4 м и височина од 0,50-0,60 м; вториот 10 м пречник и височина од 0,70 м и третиот 12 м пречник во основата и 0,80 м височина.
Поврзано Барбашки Дол — некропола и тумули од железното време; Вршник — могила од римското време; Градиште 2 — утврдена населба од железното време и доцноантичкото време; Ѓафурски Лозја — населба од римското време; Кршлански Гумења — некропола од железното време; Могила — населба и могила од римското време; Русалски Гробишта — некропола од железното време; Сушица — населба и некропола од римското време; Коколов Рид — населба од раното и доцното бронзено време и железно време. Виничка Кршла Список на средновековни некрополи во Македонија
Наводи
Категорија:Археолошки наоѓалишта во Општина Виница Категорија:Виничка Кршла