Стурониси () или Стирониси (Στυρονήσι, „остров на Стира“) ― мал остров во Евбејското Море. Се наоѓа во Јужниот Евбејски Залив спроти Стира. Тој е најголемиот остров од мал островски комплекс кој се состои од 7 островчиња и карпи. Островот има површина од околу 2 км2. Стурониси неодамна станал познат поради некои планови на грчката влада за развој на висококласно летно одморалиште на островот.
Историја Во антиката, островот го добил името Егилија или Ајгилија (), или Ајгилеја или Егилеја (Αἰγίλεια), а била наведена од Херодот. Херодот пишува дека за време на Првата персиска инвазија на Грција (492-490). п.н.е.), заробениците од Опсадата на Еретрија биле чувани на Егилија (која и припаѓала на Стира) за време на Маратонската битка (490 г. п.н.е.). По битката, овие заробеници биле собрани, и на крајот испратени кај Дариј I во Суза, Персија.
Евбејското Море е важен премин за бродовите, па околу бреговите на Стурониси биле пронајдени некои антички остатоци. Подморничкото истражување на една урнатина била снимена како дел од наградуван документарен филм. Најзначајната античка руина припаѓа на хеленистичкиот период. За време на Грчката војна за независност, островот бил користен како засолниште на грчките герилци. Одисејас Андруцос и Николаос Криезиотис навратиле кон островот тие години. Денес островот е ненаселен, но грчката влада има планови за претворање на островот во висококласно летно одморалиште.
Наводи
Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Егејски Острови Категорија:Острови во Грција