Шварцатал () — мал град во округот Залфелд-Рудолштат, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Градот го добил своето име по долината на реката Шварца.

Била создадена на 1 јануари 2019 година со спојување на поранешните општини Меленбах-Гласбах, Мојзелбах-Шварцмиле и Обервајсбах.

Градот претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.

Географија Соседни општини

Шварцатал се граничи со следниве градови и општини (почнувајќи на север, надесно): Кенигзе, Унтервајсбах, Десбах, Курсдорф, Кацхите и Гросбрајтенбах (округ Илм).

Градски единици

Градот се состои од следниве единици:

Блуменау Гласбах Лихтенхтајн/Бергбан Меленбах Мојзелбах Обервајсбах/Тириншка Шума Обстфелдерсшмиде Шварцмиле Циркел

Политика Градски совет

Градскиот совет на градот Шварцатал се состои од 16 членови. Според последните општински избори на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:

Партии / Листи Места Удел Слободни гласачи 6 39,0 % SPD / слободна листа 4 22,4 % Противпожарна бригада Шварцатал 3 18,9 % CDU 2 14,5 % Die Linke 1 5,2 % Вкупно 16 100 % Излезност: 69,9 %

Градоначалник

Прва градоначалничка на градот Шварцатал е Катрин Кројпнер (независна, поддржана од слободните гласачи, SPD, Противпожарната бригада Шварцатал и Левица).

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Залфелд-Рудолштат