Ограѓе — археолошко наоѓалиште во скопското село Долно Коњари. Претставува населба на римското време. На 200 м западно од селото, на десниот брег на реката Пчиња, во ниви на двајца жители, на површина од околу 0,5 хектари се среќаваат делови од керамички садови, питоси, тегули и имбрекси, и друг градежен материјал.

Поврзано Дервен - населба од младото камено време; Долно Коњари - депо на средновековни монети; Долно Коњари; Список на археолошки наоѓалишта во Скопско; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи