Кукловец — археолошко наоѓалиште во скопското село Сопиште. Претставува некропола од римското време. На периферијата на селото, крај патот за Скопје, при изградбата на задружните штали во 1949 година, биле откриени повеќе гробни конструкции од камени плочи - тип циста. Најдени биле и три надгробни стели со латински натписи кои се чувани во Музејот на Македонија во Скопје.
Поврзано Сопиште; Список на археолошки наоѓалишта во Скопско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи