мини| Гроб — место каде што се погребани починати лица или животни. Гробовите обично се на места означени како гробишта, а во минатото се познати под терминот некропола.
Гробовите можат да содржат архитектонски објекти, структури и делови кои на археолозите ќе им обезбедат појаснување за животот и културата за времето во кое настанал гробот. Во некои религии се верува дека телото мора да биде недопрено, за да преживее душата.
Гробот претставува вечен дом на покојните, како таков тој е табуизиран и сакрален. Местото за погребување на починатите најчесто се поставувало на некој рид (за да имаат прегледност). Починатите се закопуваат на местата каде се погребани и нивните предци, членови на семејството. Ретко се случува некој да биде погребан на друго место и тоа само по сопственото барање или во случај да загинал во војната, далеку од сопствениот дом. Се случувало по посебна желба на покојниот да биде закопан на некое гранично место (меѓа помеѓу имотите, граница помеѓу селата или регионите) поради што постоеле судири меѓу луѓето. Ова се правело поради табуизација на могилата, самото тоа значело дека тоа место нема да се скрнави, преместува или да претставува понатаму проблем за заинтересираните страни.
Гробовите се копале по утврдени правила; местото предвидено за гроб се кадело и се полевало со вино, кога ќе започнело копањето не смеело да се прекине без разлика на временските услови или природни препреки, остатоците од претходно погребаните покојни (коски, делови од облека, камења кои можеле да претставуваат обележје) се виткале во платно и при погребувањето на покојникот биле враќани во гробот, копањето на гробот не се наплатувало. Доколку заврнел дожд при копање на гробот се верувало дека од истото домаќинство ќе почине уште некој до една година. Гробовите биле поставени во правец запад-исток, свртени со главата кон исток. Нашите далечни предци биле погребувани без ковчег, покриени со платно, рогозина или чаршаф, во гробот му се оставани подароците и личните предмети на покојниот. Над гробот, на местото каде се наоѓа главата се поставувало обележје, камен, се садело цвеќе, дрво и крст.
Колку му била придавана важност на гробот сведочи и народната клетва, една од најтешките: ‘гробот да не му се знае’ или ‘да нема ни гроб, ни пород’. Почитта кон гробовите била потполна без разлика на верската или етничката или друга припадност. На гробот се обавувале обреди за братимење, се верувало дека болните можат да се излечат ако преспијат на гробот, ако го допрат или со помош на магиите кои се подготвувале со земјата од гробот на непознат човек. Во старите времиња луѓето се заколнувале врз гробот на своите најблиски.
Гробовите на починатите до година дена од погребот биле посетувани, за душата на покојниот се раздавала храна, се носело цвеќе, се кадел гробот, се пресипувал со вино. За да го покажат своето пристигање на гробот луѓето кршеле орев, бадем или лешник врз надгробната плоча, каменот или крстот. Понекогаш врз гробовите саделе растенија со трње, за дивите зверови и демонски животни да не го вознемируваат починатиот, но и да го заштитат од повампирување. Во Јужна Србија постои верување дека сушите настануваат доколку живите не искажат доволно почит кон починатите, во такви пригоди се одело на гробишта каде се раздавало за душата на починатите, а дрвените крстови се полевале со вода, некаде се носеле во река за да се потопат, па биле враќани на гробовите. Се верувало дека доколку гробот не се исчисти на задушниците и празниците посветени на мртвите и доколку над гробот не се раздаде храната каква што ја сакал покојниот, тој може да им наштети на домашните, да усмрти некое корисно животно, дури и да го разболи лицето што му предизвикало лутина.Гордана Стојковска, „Речник на јужнословенска митологија“, 2004, Издавачки центар Три, Скопје ISBN 9989-918-97-X.
Гробот како тема во уметноста и во популарната култура Гробот како тема во книжевноста „На гробот на Дениција“ — песна на македонскиот поет Петре М. Андреевски.<ref>Петре М. Андреевски, 'Дениција. Скопје: Три, 2005, стр. 53-54.</ref> „Мимози“ — кус расказ на австрискиот писател Томас Берхнард од 1978 година.Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 67-68. „Кралска гробница“ — кус расказ на Томас Берхнард од 1978 година.Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 122. „Трње на гробот“ — басна на американскиот писател Емброуз Бирс.Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 63. „Закопување на мртвите“ — песна од поемата на Томас Стернс Елиот, „Пуста земја“ од 1922 година.T. S. Eliot, Izabrane pesme. Beograd: Rad, 1977. Beograd: Rad, 1964, стр. 41-43. „Риб на гробот на Болја и Олин“ (англиски: Ribh at the Tomb of Baile and Aillinn) — песна на ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс.Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 160-161. „Светли гробови “ — песна на српскиот поет Јован Јовановиќ - Змај.Јован Јовановиħ Змај, Песме. Београд: Рад, 1963, стр. 159-163. „На гробот на Хафис“ (српски: На гробу Хафисовом) — песна на српскиот поет Јован Јовановиќ - Змај.Јован Јовановиħ Змај, Песме. Београд: Рад, 1963, стр. 39. „Гробот на слатката душа“ (Гроб слатке душе) — расказ на српскиот писател Петар Кочиќ.Петар Кочић, Јаблан и друге приповетке. Београд: Просвета, 1971, стр. 16-22. „Гробот на Едгар По“ (француски: Le tombeau d'Edgar Poe) — песна на францускиот поет Стефан Маларме.Стефан Маларме, Песме. Београд: Култура, 1970, стр. 74-75. „Гробница“ — кус расказ на македонскиот писател Митко Маџунков од 1984 година.Митко Маџунков, Међа света. Београд: Просвета, 1984, стр. 202-203. „Гробот на пријателот“ — песна на српскиот поет Бранко Миљковиќ.Бранко Миљковиќ, Избор. Скопје: Мисла, култура, Македонска книга, 1988, стр. 19. „Гробот на Ловќен“ — песна на српскиот поет Бранко Миљковиќ.Бранко Миљковиќ, Избор. Скопје: Мисла, култура, Македонска книга, 1988, стр. 26. „Светиот гроб“ — песна на унгарскиот поет Шандор Петефи.Šandor Petefi, Sloboda i ljubav. Beograd: Rad, 1969, стр. 63-64. „Над отворениот гроб тажните зборуваат“ (хрватски: Nad otvorenim grobom tužni zbore) — песна на хрватскиот писател Мирослав Крлежа.Miroslav Krleža, Lirika. Sarajevo: Svjetlost, 1966, стр. 79-84. „На гробот на пријателот“ (српски: Na grobu prijatelja) — песна на српскиот поет Миодраг Павловиќ.Miodrag Pavlović, Izabrane pesme. Beograd: Rad, 1979, стр. 41. „По гробовите“ (српски: По гробовима) — песна на српскиот поет Владислав Петковиќ - Дис.Владислав Петковић-Дис, Песме. Београд: Рад, 1960, стр. 134-135. „Гробница на убавината“ (српски: Гробница лепоте) — песна на српскиот поет Владислав Петковиќ - Дис.Vladislav Petković Dis. Beograd: Mlado pokolenje, 1971, стр. 22-25.Владислав Петковић-Дис, Песме. Београд: Рад, 1960, стр. 44-45. „Гробот на вљубениот“ — песна на арапскиот поет Ибн ал-Му'таз.Arapska poezija. Beograd: Rad, 1977, стр. 50. „Гробот на Григ“ (српски: Grigov grob) — песна на српската поетеса Десанка Максимовиќ од 1979 година.Desanka Maksimović, Izabrane pesme (peto dopunjeno izdanje). Beograd: BIGZ, 1985, стр. 106. „Гробот на непознатиот војник“ — песна на полскиот поет Јулијан Пшибош.Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 89. „Дантеовиот гроб во Равена“ — песна на полскиот поет Тадеуш Ружевич.Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 180-181. „Над гробот на непознатиот војник“ (чешки: Nad hrobem neznámého vojína) — песна на чешкиот поет Јарослав Сајферт.Jaroslav Seifert, Přilba hlíny. Práce, Praha, 1945, стр. 47-48. „Празници“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 137. „Jehtro Tull или Лепа Лукиќ“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 197-199. „Маките да ми ги напишете на гробот мој“ — песна на македонскиот поет Наум Целакоски.Наум Целакоски, Пролог, 1998, стр. 74.
Гробот како тема во музиката „Деца од гробот“ (англиски: Children Of The Grave) — песна на британската хеви-метал група Блек Сабат (Black Sabbath) од 1971 година.Discogs, Black Sabbath – Master Of Reality (пристапено на 17.1.2021) „Сенката на надгробниот камен“ (англиски: Tombstone Shadow) — песна на американската рок-група Криденс Клирвотер Ривајвал (Creedence Clearwater Revival)“ од 1969 година.DISCOGS, Creedence Clearwater Revival – Green River (пристапено на 23.12.2017) „Не оди тивко во твојот гроб“ (англиски: Do Not Go Quietly Unto Your Grave) — песна на американската рок-група Морфин (Morphine) од 1992 година.YouTube, Morphine - Good (Full Album) (посетено на 15.6.2017) „Јас сум испружена на твојот гроб“ (англиски: I Am Stretched On Your Grave) — песна на ирската поп-рок музичарка Шинед О'Конор (Sinéad O'Connor) од 1989 година.YouTube, Sinéad O’Connor - I Do Not Want What I Haven't Got (1989) (пристапено на 29.9.2019) „Гробница“ (англиски: The Crypt) — песна на британската рок-група Саутерн дет калт (Southern Death Cult) од 1983 година.Discogs, The Southern Death Cult – Southern Death Cult (пристапено на 9.8.2019) „Убавите девојки прават гробови“ (англиски: Pretty girls make graves) — песна на англиската рок-група Смитс (The Smiths'') од 1984 година.YouTube, THE SMITHS · The Smiths · FULL ALBUM HQ AUDIO (пристапено на 6.6.2017)
Галерија
Наводи
* Категорија:Видови на археолошки наоѓалишта
id:Kuburan ja:墓場