Градишки манастир — манастир во северниот дел на Македонија, во селото Градиште.
Местоположба
Манастирот се наоѓа во јужниот дел на атарот на селото и до него се стигнува преку асфалтен пат, кој започнува од главниот регионален пат 1204, кој поминува покрај Градиште. Тој бил изграден покрај рушевините на тврдината Градишки В’р.
Градби
Во склоп на манастирот влегуваат една црква, параклис, чешма, конаци и помошни објекти.
Црква „Св. Ѓорѓи“
Црквата е единствениот храм во манастирот.
Конаци
Една зграда (конак) со приземје и кат.
Историја
Манастирот бил изграден кон крајот на век на остатоци на стар храм. Внатрешноста на манастирската црква имала живопис.
Некогаш, овој манастир бил многу познат и богат со земја, стока и пчеларници. Самиот манастир изгледал величенствено на високата местоположба и сред шума. Селото Кучкарево е основано на манастирските пчеларници.
Меѓутоа, за време на отоманскиот период, стариот манастир бил срушен. Околните христијани и тогаш се собирале кај неговите рушевини. На денот на манастирските слави (Мала Богородица и Цветници), кај манастирот доаѓале бројни гости од Кумановско, Овче Поле и Кратовско.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Градиште (Кумановско) Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Кумановско-кратовското архијерејско намесништво Категорија:Манастири во Кумановско-осоговската епархија