Гун Маргарета Винберг (родена Густафсон на 13 август 1947 година) е шведска социјалдемократска политичарка. Винберг имала различни министерски места во Третиот кабинет на Ингвар Карлсон и Кабинетот на Горан Персон од 1994 до 2003 година и била заменик премиер на Шведска од 2002 до 2003 година Members of the Swedish Government 1946- , Government of Sweden, accessed 2010-07-09 Таа била министерка за земјоделство од 1994 до 1996 година и повторно од 1998 до 2002 година, министерка за труд од 1996 до 1998 година, а дополнително беше и министерка за родова еднаквост од 1998 до 2003 година.

Таа станала многу контроверзна личност во јавната дебата, по интервјуто што го дала за шведскиот документарен филм „Родовата војна“ во 2005 година. Во вториот дел од документарниот филм од два дела, Винберг изразила силна поддршка за радикалниот феминизам, за идеологот Ева Лундгрен и за принудувањето на високообразовните институти да ја учат феминистичката теорија како факт, со цел да се промени општеството.The Gender War (full documentary) Youtube link - english subtitles

Во рамките на социјалдемократите, таа имала евроскептичен профил и била еден од двајцата министри кои водеа кампања за страната „не“ на референдумот во 1994 година за членството на Шведска во Европската унија. Таа на сличен начин била против усвојувањето на еврото, но како вицепремиер, таа имала низок профил на референдумот во 2003 година за ова прашање.

Од 2003 до 2007 година, била амбасадорка на Шведска во Бразил.

Надворешни врски

Маргарета Винберг на веб-страницата на Риксдаг

Наводи

Категорија:Родени во 1947 година Категорија:Швеѓанки Категорија:Швеѓанки Категорија:Феминизам Категорија:Феминистки Категорија:Шведски политичари