„Лична Фатима“ — македонска народна песна. Песната е посветена на некоја си Фатила која се мажела за некојси Мехмед.

Текст -Во дебарско, село Броштица, зурла заплака, свадба голема. Ќе ја даваат лична Фатима, лична Фатима за Мехмеда.

Лична Фатимо, чини адетот, да го видиш зетот низ прстенот, да го носиш во срцето. А ти Мехмеде, азган момче бре, на коњ да ја качиш невестата, да ја носиш в' таткова куќа.

Засвирете силно Мајовци, ај заиграјте Македонци, да разбере далечината колку тешка е вистината.

Лична Фатимо, чини адетот, да го видиш зетот низ прстенот, да го носиш во срцето. А ти Мехмеде, азган момче бре, на коњ да ја качиш невестата, да ја носиш в' таткова куќа.

Свадба наша, свадба Броштичка.

Надворешни врски Лична Фатима (текст и музика) на pesna.org

Категорија:Македонски народни песни