Антон Великов, псведоним: Алекси Беломорски ( во — во ) — македонски револуционер, новинар, публицист, член на Македонскиот литературен кружок и член на ВМРО (Обединета).
Животопис мини|Насловнтаa страница од книгата на Антон Великов, „Страници од мојата биографија“, издадена во Скопје, 1997 година. Активно се вклучил во работата на организациите на македонската емиграција во Бугарија меѓу двете светски војни и во годините потоа. Како член на ВМРО (Обединета) учествува во печатењето на нејзините легални и нелегални изданија. Средбите со Вапцаров му дале силен творечки поттик, па и тој станал дел од Македонскиот литературен кружок во период од 1938 до 1941 година. Пред нив настапувал со реферати и свои творби.
Се вклучил во работничкото движење и бил обвинет за илегално печатење на весникот „Младешка искра“. Бил ѝ потпретседател на МЛК „Никола Вапцаров“ (1945 – 1948 година) и на МЛК на студентите од Пиринска Македонија (1950–1951 година). По Војната е редовен соработник во органот на Македонскиот национален комитет „Македонско знаме“ (1945–1946).
Работел како новинар во весникот „Труд“, од 1948 година па сè до неговото пензионирање во 1958 година. Објавил свои раскази со македонска историска тематика во разни зборници, алманаси, весници и списанија, а издал и пет публицистички книги. Посмртно е објавен неговиот најзначаен труд „Страници од мојата биографија“ (Скопје, 1997 година).
Поврзано
Македонски литературен кружок Македонци во Бугарија
Наводи
Литература
Васил Тоциновски, „Тројца кружочници Ѓорѓи Абаџиев, Асен Шурдов-Ведров, Антон Великов-Беломорски“, Скопје, 1997, 152-253; Васил Тоциновски, „Кружочникот Антон Великов-Беломорски“, зборник: „Македонското научно-литературно другарство и неговиот континуитет до основањето на Македонската академија на науките и уметностите. Прилози од научниот собир…”, МАНУ, 1997; Васил Тоциновски, „Возбуда по зборот“, ИМЛ, Скопје, 2000, 230-254. Блаже Ристевски
Надворешни врски
Антон Попов и Паскал Паскалевски , Васил Тоциновски Едностоен стремеж кон слободна Македонија, Блаже Ристевски СТРАНИЦИ ОД МОЈАТА БИОГРАФИЈА
Категорија:Македонски литературен кружок Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски публицисти Категорија:Македонски преселници во Софија