Долно Грамаѓе — населба од римското време и старохристијанска црква. На околу 3 километри југоисточно од селото, покрај патот кој преку Џами Тепе води за Струмица, на површина од 800 × 300 метри се среќаваат множество фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал, а се пронајдени и темели од повеќе објекти. Жителите откопале неколку големи питоси, а нашле и монети. На јужниот крај на наоѓалиштето се најдени темели од црква.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Ан — населба од доцноантичкото време; Градиште — градиште од доцноантичкото време; Дунковец — могила од римското време; Петрово Брдо — населба од доцноантичкото време; Плашица — населба и викус од доцноантичкото време; Терзиевец — населба од доцноантичкото време; Црквиште I — старохристијанска црква; Црквиште II — старохристијанска црква; Чука — градиште од доцноантичкото време; и Џами Тепе — средновековна црква.

Наводи

Категорија:Русиново