алт=Мод Адамс 2019|мини|Мод Адамс 2019 Мод Адамс (родено име Мод Солвејг Кристина Викстрем; родена година, Лулео, Шведска) е шведска глумица. Позната е по тоа што ја играла улогата на девојка на Џемс Бонд двапати - во филмовите Човекот со златен пиштол (1974) и Октопод (1983). Таа, исто така, се појавила и во епизоди на филмот Вид убиство.
Биографија Почеток Родена на 12 февруари 1945 година во семејството на Густав и Тајра Викстрем. Мајка и била даночен инспектор, татко и бил финансиски ревизор. Во 1963 година, нејзината фотографија била испратена на натпревар за убавина што го одржувало списанието Алерс. Адамс победила на овој натпревар и ја започнала својата манекенска кариера.
Кариера Адамс започнала да работи за агенцијата за моделирање Форд, се преселила во Париз, а потоа во Њујорк. Во тоа време, таа била најплатената и најбараната манекенка во светот. Кариерата како филмска глумица за неа започнала во 1970 година со филмот „Момци во бандата“, каде играла манекенка. Покрај со Џејмс Бонд, таа учествувала и во снимање на многу повеќе телевизии и филмови - Ролербол, Џејн и изгубениот град, Моќта на страста, Мистериозната смрт на Нина Шеро, итн.
Личен живот Во 1966 година се омажила за фотографот Рој Адамс, во 1975 година бракот се распаднал. На 23 мај 1999 година, таа се омажила повторно, за судијата Чарлс Рубин. Немале деца. Сопственик е на калифорниската козметичка компанија Скандинавиан Биокосметикс, ЛЛЦ. Полиглот е - зборува шведски, англиски, германски, француски и италијански.Bondstars.com — Maud Adams
Филмографија
1974 - Човекот со златен пиштол 1975 - Ролербол 1979 - Лора 1981 - Тетоважа 1983 - Октопод 1983-1984 - Емералд Поинт 1985 - Поглед кон убиство 1987 - Јане и изгубениот град 1988 - Смртоносен дизајн 1988 - Мистериозната смрт на Нина Шеро 1989 - Рефлекс на убивање 1989 - Моќ на страст 1990 - Посветеност: Тивка ноќ, смртоносна ноќ 4
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1945 година Категорија:Родени на 12 февруари Категорија:Шведски глумци Категорија:Шведски телевизиски глумци Категорија:Луѓе од Лулео