Херман Вилхелм Геринг () (12 јануари 1893 - 15 октомври 1946) бил германски политичар и воен водач, член на водството на Националсоцијалистичката партија. Тој како воен пилот ветеран од Првата светска војна бил носител на орденот Pour le Mérite ("The Blue Max"), највисок воен орден на Кралството Прусија. Геринг бил последниот командант на Jagdgeschwader 1, авионската ескадрила на Манфред фон Рихтхофен, наречен „Црвениот Барон“. Во 1935 Геринг бил назначен за командант на Луфтвафе (Германските воздухопловни сили) позиција на која ќе биде сè до последните денови на Втората светска војна. Хитлер исто така го назначил за рајхсмаршал со што го издигнал едно скалило погоре од сите останати команданти а исто така тој бил назначен и за негов наследник и заменик. Меѓутоа во 1942 по појавувањето на првите пречки во напредувањето на Германија на двата фронта нивните односи почнале да се заладуваат. По завршувањето на Втората светска војна на Нирнбершките судења Геринг бил обвинет и осуден за воени злосторства и злосторства против човештвото. Бил осуден на смрт со бесење но вечерта пред да биде обесен се самоубил со цијанид.
Поврзано Нацистичка Германија Нацистичка партија Членови на Хитлеровиот кабинет
Надворешни врски (англиски) Судењето на Геринг (француски , германски , шпански ) (англиски, .pdf формат) „Германија преродена“ - автобиографија на Херман Геринг
Категорија:Германски националсоцијалисти Категорија:Германски воени лица Категорија:Премиери на Прусија Категорија:Членови на НСДАП Категорија:Германски националисти Категорија:Носители на прускиот Орден за заслуги (воен) Категорија:Националсоцијалистички водачи Категорија:Носители на Витешкиот крст на Железниот крст Категорија:Носители на копецот на Железниот крст од I класа Категорија:Носители на Големиот крст на Железниот крст