Свети Никола — главна селска црква во кумановското село Орашац, Македонија.

Местоположба

Ова е гробишен храм, сместен југоисточно од селото, во месноста Калиште. Црквата е скриена во подножјето на ридот. До нејзе води земјен пат од селото, кој е тешко возлив.

Историја

Судејќи по градбата, црквата е доградена врз храм од XVI или XVII век, веројатно на темели на постара црква.

Архитектура

Во архитектонски поглед, се работи за еднокорабна градба, делумно вкопана во североисточната страна и засводена со полукружен лак. Изградена е од кршен камен и има покрив со ќерамиди на две води.

На јужната фасада има правоаголен отвор со железна решетка. На западната фасада е главниот влез, над кој е насликан Исус Христос, а помошниот влез е од југ, и над него има слепа лунета на која е претставен Свети Никола. Обата живописа се многу оштетени. И двата влеза се врамени во камен.

Фрескоживопис

Единствениот фрескопис во внатрешноста е во апсидата, каде место традиционалната слика на Пресвета Богородица има допојасна претстава на Христос Велик Архијереј со круна на главата — единствен пример во Кумановско.

Во олтарот за света трпеза служи римска мермерна стела со натпис на која е напишано дека храмот е изграден врз постара античка црква.

Иконостас

Црквата поседува висок дрвен иконостас, певница и владички престол од средината на XIX век.

Иконостасот, певницата и владичкиот престол се од средината на XIX век.

Галерија

Поврзано Кумановско-осоговска епархија Кумановско-кратовско архијерејско намесништво Орашачка парохија

Наводи

Надворешни врски

Орашац