Јакоб Адактусон (31 август 1980) е професионален тенисер од Шведска.ITF Pro Circuit Profile

Тениска кариера Најголемото достигнување во кариерата на Адактусон е квалификациите за настапот на главниот турнир на Австралија Опен во 2006 година. Тој играл со ветеранот Давиде Сангвинети во првото коло и загубил во директни сетови.ATP World Tour Profile

Адактусон играл главно на турнирот од Челинџер класата, каде четири пати бил вицешампион, двапати во поединечна конкуренција и уште двапати во двојки. Како играч во двојки тој се натпреварувал на неговите два АТП турнири, на првиот со Јоаким Јохансон во Стокхолм во 2000 година и на вториот турнир со Јохан Ландсберг на Шведскиот опен во 2007 година. Тој и неговиот партнер испаднале во првото коло на двата турнири.

Адактусон се вратил на турнирите во септември 2012 година по неколку години поминати надвор од тениската игра и во јануари 2013 година играл на ИТФ турнирот во машка конкуренција.

Наводи

 Надворешни врски

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1980 година Категорија:Шведски тенисери