Герел Турдин (родена 1942) е шведски политичар која служела како министер за просторно планирање и министер за животна средина во 1990-тите и била член на шведскиот парламент.

Турдин е родена во Вестерос на 26 мај 1942 година Дипломирала на Универзитетот Умео. Таа ја започнала својата политичка кариера како член на општинскиот одбор во Орнсколдсвик и била на функцијата до 1985 година. Потоа била избрана во шведскиот парламент во 1986 година за Централната партија. Следната година била втор потпретседател на партијата.

Турдин била министер за просторно планирање во периодот 1991-1994 година и министер за животна средина во 1994 година. Таа исто така дејствувала како заменик-претседател на шведскиот парламент. Од 2009 година таа била на чело на советот на УНЕСКО во Шведска. Таа била и претседавач на Меѓународната алијанса „Спасете ги децата“ .

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1942 година Категорија:Шведски политичари Категорија:Луѓе од Вестерос