Оланд (изворно: Åland) е островска група во Балтичкото Море. Оланд претставува демилитаризиран автономен регион (до неодамна покраина) на Финска во кој службен јазик е шведскиот. Оланд е четириесетина километри оддалечен од шведскиот брег, а претставува дел од Финскиот архипелаг.

Автономија мини|лево|Парламентот на Оланд Друштвото на Народите (денес ОН) во 1921 година налага да му се даде автономност на островот Оланд. Освен тоа наведено е дека Оланд мора да биде комплетно демилитаризиран и политички неутрален. Неговата автономност уште еднаш е потврдена при влегувањето на Финска во ЕУ, кога е наведена како услов за членство. Парламентот на Финска има донесено закон во 1920 година за негова автономност, кој во 1951 и 1991 година е дополнет и потврден.

Поврзано Фаста Оланд - главен остров во архипелагот

Наводи

Категорија:Региони во Финска Категорија:Специјални територии на Европската Унија Категорија:Држави и територии настанати во 1920 година Категорија:Демилитаризирани зони