Сатурн LVIII , привремено познат како S/2004 S 26, е најоддалечениот познат природен сателит на Сатурн. Неговото откритие беше објавено од Скот С. Шепард, Дејвид К. Џуит и Јан Клејна на 7 октомври 2019 година од набљудувања направени помеѓу 12 декември 2004 и 21 март 2007 годинаSaturn Moons .
Сатурн LVIII е со пречник од околу 4 километри и кружи околу Сатурн на просечна оддалеченост од 26,676 Gm (0,178 ае) во 1627,18 дена (единствениот сателит за кој е познато дека му требаат повеќе од 4 години за да кружи околу Сатурн), на наклон од 171° кон еклиптиката, во повратна насока и со ексцентричност од 0,165.
Наводи
Категорија:Нордиска група Категорија:Неправилни месечини Категорија:Сатурнови месечини Категорија:Откритија на Скот Шепард Категорија:Астрономски тела откриени во 2019 година Категорија:Месечини со повратна орбита