Македонијарх ― титула од римското време, за претседателот на Сојузот на Македонците. Титулата ја добиле само 11 лица.

Служба Македонијархот бил претседател на Сојузот на Македонците а понекогаш но не секогаш и главен свештеник на императорскиот култ во Римска Македонија. Службата била сметана и за важен функционер на Синхедрион, провинциски совет составен од општинска аристократија, римски граѓани и - во некои случаи - робови и слободни. Македонијархот бил на чело и на влијателен дружок наречен општество на Сарапијасти, почнувајќи од владеењето на Северанската династија.

Историја Најраниот запис за Македонијарх, потекнува од Тесалоника и е од 219 г.н.е. Титулата ја имале само 11 луѓе, од кои шест се верува дека се од римско потекло, врз основа на тоа што имаат когномен. Сепак, еден извештај наведува дека епиграфските докази забележале двајца Македониарси во текот на првиот век од нашата ера и 23-ца во следниот век.

Поврзано

Политарх

Наводи

Цитати

Книги

Дополнителна литература

Весник за римски студии - страница 43-44 Првосвештеници и Македонијарси од Вероја во jstor.org „Придружник на Римската Империја“ од Дејвид Стоун Потер. Страница 232

Категорија:Македонија (римска провинција) Категорија:Македонски титули Категорија:Римски титули