Основно училиште „Славко Лумбарковски“ (официјално: Подрачно основно училиште „Славко Лумбарковски“ - Рапеш; скратено: ПОУ „Славко Лумбарковски“) — подрачно основно училиште во селото Рапеш, составен дел на истоименото училиште во селото Новаци, Општина Новаци.

Училиштето е именувано по македонскиот народен борец Славко Лумбарковски.

Местоположба

Училиштето се наоѓа во средишниот дел од селото, непосредно од десната страна на патот кој води од Маково.

Објект

Објектот на училиштето бил изграден во 1937 година и зафаќа површина од 120 м2.„Годишна програма за работа на ООУ „Славко Лумбарковски“ - Новаци за учебната 2021/2022 година“. стр. 10.

Настава

Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.„Годишна програма за работа на ООУ „Славко Лумбарковски“ - Новаци за учебната 2021/2022 година“. стр. 7. Наставата се изведува во една смена.

Галерија

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Новаци Рапеш Категорија:Рапеш