Вознесение Христово (или Св. Спас) — православна црква во велешкото село ’Рлевци, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Велешкото архијерејско намесништво во Повардарската епархија на МПЦ - ОА.

Црквата е сместена во северозападниот крај на селото. Во внатрешноста се зачувани вредни украси. Живописана е во 1927 г. од истакнатиот зограф Димитар Андонов Папрадишки.

Поврзано Повардарска епархија Велешко архијерејско намесништво

Наводи

Рлевци