Крсте Стојанов Булески (22 август 1924 во Љубаништа, охридско — 12 април 1945 во Товарник, Хрватска) македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис Крсте Стојанов Булески е роден на 22 август 1924 година. Доброволно стапува во Првата македонско-косовска ударна бригада на 28 април 1944 година. Како борец на Првата македонска ударна бригада, учествува на Сремскиот фронт, и загинува кај Товарник на 12 април 1945 година.

Поврзано

Дитка Булоска

Наводи Категорија:Родени во 1924 година Категорија:Починати во 1945 година Категорија:Учесници во НОБ