Новачки манастир — манастир во јужниот дел на Македонија, во близина на селото Новаци.

Местоположба Манастирот се наоѓа на левиот брег на Црна Река, непосредно откако од десната страна ја прима реката Драгор. Од селото Новаци е оддалечен околу 1 км.„Новаци “. Мој Роден Крај.

Историја Манастирот бил подигнат со изградбата на манастирската црква во 2006 година. Осветувањето на црквата било извршено на 13 јуни 2009 година, на празникот Педесетница, од страна на Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар во сослужение со Епископот Хераклејски г. Климент, кога и бил поставен камен-темелник за изградба на конакот.„Осветен нов манастирски храм посветен на Пресвета Богородица во с. Новаци“. МПЦ. 13 јуни 2009.

Градби Во склоп на манастирот влегуваат една црква, конак и помошни објекти.

Црква „Рождество на Пресвета Богородица“

Градбата на црквата претставува монументален крстокуполен храм со осум куполи покриени со бакарни плочи. Влезот се наоѓа на западната страна и над него има ниша со полукружен мозаик на којшто е претстсавена Богородица со Исус.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Новаци Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Преспанско-пелагониската епархија