Основно училиште „Славко Лумбарковски“ (официјално: Подрачно основно училиште „Славко Лумбарковски“ - Агларци; скратено: ПОУ „Славко Лумбарковски“) — подрачно основно училиште на селата Горно и Долно Агларци, составен дел на истоименото училиште во селото Новаци, Општина Новаци.
Училиштето е именувано по македонскиот народен борец Славко Лумбарковски.
Местоположба Училиштето се наоѓа непосредна од десната страна на патот од Добромири до Долно Агларци, во аголот образуван со исклучувањето за Горно Агларци.
Објект Објектот на училиштето бил изграден во 1947 година и зафаќа површина од 250 м2.„Годишна програма за работа на ООУ „Славко Лумбарковски“ - Новаци за учебната 2021/2022 година“. стр. 9.
Настава Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.„Годишна програма за работа на ООУ „Славко Лумбарковски“ - Новаци за учебната 2021/2022 година“. стр. 7. Наставата се изведува во една смена.
Галерија
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Новаци Агларци Категорија:Горно Агларци Категорија:Долно Агларци