Наум Бочваров (Цапари, 1880 — ?) — македонски револуционер и деец на Македонската револуционерна организација.

Животопис Наум Бочваров е роден во битолското село Цапари во 1880 година. Како млад се приклучил на револуционерната организација. Тој како деец на ВМОРО, учествувал во битолско и ресенско со војводите Давидов и Арсов. Учествувал во битките против Османлиите кај селата Шурленци и Избишта, како и на други места по битолско и ресенско. По предавство кое било направено бил уапсен од Османлиите и лежел во битолскиот затвор.

Наводи

Категорија:Родени во 1880 година Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски револуционери Категорија:Луѓе од Цапари Категорија:Добитници на Илинденска пензија