Свети Никола – главна селска црква во селото Мегленци.

Местоположба Црквата се наоѓа во средишниот дел од селото, непосредно од левата страна на патот.

Историја Храмот бил изграден во 1880, по што била срушен во 1918, а бил обновен со името „Св. Воскресение“ во 1926 година.„Мегленци “. Мој Роден Крај.

Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со осумаголна купола којашто има по една монофора на секоја страна и полукружна апсида на источната страна. Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна и над него има ниша со фреска на којашто е насликан Свети Никола, а црквата има и спореден влез на јужната страна. Објектот е граден од камен и е покриен со кров од ќерамиди.

Дворот на црквата е ограден со бетонска ограда и во него се сместени камбанаријата и помошен објект. Камбанаријата е со квадратна основа и се состои од два дела. Долниот дел е граден од камен, а горниот од бетонски тули. На секоја страна во горниот дел има по една отворена монофора. Камбанаријата е покриена со лимен пирамидален кров.

Галерија

Поврзано Мегленци Преспанско-пелагониска епархија Битолско архијерејско намесништво Новачка парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Мегленци Мегленци