Нирнбершки процес (или Нирнбершки судења) — називот за последователните судења на истакнати членови на политичкото, военото и економското водство на Третиот рајх. Судењата биле одржани во градот Нирнберг, Германија, од 1945 до 1949, во Нирнбершката палата на правдата. Првото и најпознатото од овие судења е Судењето на главните воени злосторници на меѓународниот воен трибунал, коешто судело 24 лица од најважните заробени водачи во Нацистичка Германија.

Почетоци

Меѓународниот воен трибунал имал интересни почетоци. Прашањето за решавањето на проблемот со нацистичките воени злостори се појавиле уште во 1942 година, кога Винстон Черчил предложил погубување на злосторниците според посебен закон и преку кратка постапка, од што се откажал под притисок на САД.

На Техеранската конференција, Сталин дал уште поригорозен предлог за неселективно стрелање на педесет до сто илјади германски офицери. Овој пат, и самиот Черчил се спротивставил на стреалњето на офицерите кои немале учество во злосторствата. Секретарот на трезорот на САД, Хенри Моргентау предложил план за целосна денацификација на Германија, познат како „Планот Моргентау“. Планот предлагал деиндустријализација на Германија, принудна работа и слични драстични мерки, слични на оние што самите нацисти ги планирале за Источна Европа. И Черчил и Рузвелт го поддржувале овој план и се обиделе да добијат одобрение на Квебешката конференција во септември 1944. Овој пат, СССР се спротивставил, барајќи судски процес.

По преговорите на конференциите во Техеран, Јалта и Потсдам, идното судење било регулирано со Лондонскиот договор од 8 август 1945. Списокот на идните обвиненици бил ограничен на поголеми воени злосторства на европските Сили на оската. Судењата започнале на 20 ноември 1945, во Нирнберг.

Обвинети и пресуди десно|мини|160п|Геринг и Хес за време на судењето

Пред меѓународниот воен трибунал биле обвинети 24 лица и 6 организации. Обвиненијата биле различни, но сите биле обвинети за некои или за сите од следниве четири кривични дела:

Учество во заеднички план или завера за спроведување на злосторства против мирот. Планирање, започнување и водење на агресорски војни и други злосторства против мирот. Воени злосторства. Злосторства против човештвото.

24-те обвинети биле:

(Легенда: „О“ - обвинет; „В“ - обвинет и прогласен за виновен; „º “ - необвинет)

Име  ОбвинениеКазна    Забелешки 1    2    3    4      100px|left Мартин БорманОºВВСмртНаследник на Хес како секретар на Нацистичката партија. Осуден на смрт во отсуство, најден е во 1972 година.1 left|100px Карл ДеницОВВº10 годиниЗаповедник на воената морнарица (Kriegsmarine). Станал претседател на Германија по смртта на Хитлер.2 left|100px Ханс ФранкОºВВСмртНачалник на генералната управа во окупирана Полска. Искажал каење.3 left|100px Вилхелм ФрикОВВВСмртМинистер за внатрешни работи. Ги издал нирнбершките расни закони.4 left|100px Ханс ФричеОООº Ослободен Популарен радио коментатор и глава на одделот за вести во министерството за пропаганда.5 left|100px Валтер ФункОВВВДоживотен затворМинистер за економија. Ослободен заради лошо здравје на 16 мај 1957 година.6 left|100px Херман ГерингВВВВСмртРајхсмаршал, командант на Луфтвафе и неколку одделенија на СС. Извршил самоубиство ноќта пред извршувањето на смртната казна.7 left|100pxРудолф ХесВВООДоживотен затворЗаменик на Хитлер. Со авион прелетал во Шкотска во 1941 година во обид да склучи мир со Велика Британија. По судењето, бил затворен во затворот Шпандау. Починал во 1987 година.8 left|100px

Алфред ЈодлВВВВСмртГенералоберст на Вермахтот, потчинет на Кајтел. На 28 февруари 1953, посмртно е ослободен од вина од германскиот суд за денацификација.9 left|100px

Ернст КалтенбрунерОºВВСмртНајвисок преживеан водач во СС. Шеф на RSHA, централниот разузнавачки орган на нацистите. Управувал со многу одреди на Ајнзацгрупен и неколку концентрациони логори.10 100px Вилхелм КајтелВВВВСмртГлавен заповедник на Врховната команда на Вермахтот (Oberkommando der Wehrmacht, OKW)11 100px|left Густав Круп фон Болен унд ХалбахОООО----Голем нацистички индустријалец. Здравствено неспособен за судење.100px|left Роберт ЛајОООО----Глава на ДАФ. Извршил самоубиство на 25 октомври 1945 година, пред почетокот на судењето.left|100px

Барон Константин фон НојратВВВВ15 годиниМинистер за надворешни работи до 1938 година, наследен од Рибентроп. Подоцна, Заштитник на Бохемија и Моравија. Дал оставка во 1943, заради несогласување со Хитлер. Ослободен е заради лошо здравје на 6 ноември 1954 година.12 left|100px

Франц фон ПапенООººОслободенКанцелар на Германија во 1932 година и вице-канцелар под Хитлер во 1933-34 година. Амбасадор во Австрија (1934-38) и амбасадор во Турција (1939-44). Иако бил ослободен во Нирнберг, во 1947 е осуден како воен злосторник од германскиот денацификациски суд на осум години тешка работа. Бил ослободен две години подоцна, по жалба.13 left|100px

Ерих РедерВВВºДоживотен затворЗаповедник на воената морнарица (Kriegsmarine) 14 left|100px

Јоаким фон РибентропВВВВСмртМинистер за надворешни работи од 1938 до 1945 година.15 100px|left Алфред РозенбергВВВВСмртГлавен идеолог на расната теорија. Подоцна, заштитник на источните окупирани територии од 1941 до 1945.16 left|100px Фриц ЗаукелООВВСмртГлавен идеолог на нацистичката теорија за ропска работа.17 left|100px Д-р Јалмар ШахтООºº Ослободен Истакнат банкар и стопанственик. Предвоен претседател на Рајхсбанката (Reichsbank) и министер за економија. Признал дека го прекршил Версајскиот договор.18 100px|left Балдур фон ШирахОººВ20 годиниГлава на Хитлеровата младина (Hitlerjugend) од 1933 до 1940 година, регионален водач на Виена од 1940 до 1943 година. Изразил каење.19 100px|left Артур Зајс-ИнквартОВВВСмртРаботел на Аншлусот и кратко бил канцелар на Австрија во 1938 година. Изразил каење.20 left|100px Алберт ШперООВВ20 годиниОмилен архитект на Хитлер и личен пријател, и министер за вооружување од 1942 година. Бил одговорен за искористувањето на ропската работа од окупираните територии за производство на оружје. Изразил каење.21 left|100px Јулиус ШтрајхерОººВСмртРегионален водач на Франконија од 1922 до 1945 година. Ширел омраза и убивање на Евреите преку неговиот неделен весник, Дер Штурмер (Der Stürmer).22

Француските судии предлагале смртните казни да се извршуваат со стрелање, бидејќи тоа била пракса на воените трибунали, но Бидл и советските судии се спротивставиле. Тие сметале дека овие лица ги прекршиле сите воени етички правила и дека не се достојни за стрелачки вод, така што е утврдено смртните казни да се извршуваат со бесење.Осудените на временски казни ги издржувале казните во затворот Шпандау во Берлин.

Од организациите обвинети се:

Раководството на НСДАП (Reichsregierung) СС (Schutzstaffel, SS) СД (Sicherheitsdienst, SD) Гестапо СА (Sturmabteilung, SA) Врховната команда на Вермахтот (германската армија) (Oberkommando der Wehrmacht, OKW).

Од овие организации, за невини се прогласени Раководството на НСДАП, Врховната команда на Вермахтот, СА (бидејќи најголемиот дел од злосторствата се случиле пред почетокот на војната и не биле истражувани) и дел од СС, познат како Рајтер-СС (Reiter-SS).

Категорија:Германски воени злосторства во Втората светска војна Категорија:Злосторства против човештвото