Српски воени гробишта во Добровени — воени гробишта во селото Добровени на коишто се погребани војници кои загинале во Првата светска војна.

Местоположба Воените гробишта се наоѓаат во склоп на селските гробишта во дворот на црквата „Св. Димитриј“.„Добровени “. Мој Роден Крај.

Историја Во текот на Првата светска војна, во селото Добровени постоела болница, па починатите војници биле погребувани на различни места во близина на селото. По завршувањето на војната, поголем дел од гробовите биле префрлени на денешното место и на тој начин биле создадени воените гробишта.

Споменик на загинати поштари Во склоп на гробиштата има споменик кој по свотојот изглед се разликува од останатите, но неговиот текст не е читлив поради оштетувањето низ годините. За време на Првата светска војна, во Добровени постоела воена пошта на српската војска. На 29 ноември 1916 година, скоро сите вработени во поштата загинале при нејзино бомбардирање од страна на германските воздухопловни сили. По завршувањето на војната, од страна на нивните пријатели поштари бил подигнат споменик со српскиот натпис:

Денес, споменикот е преместен од првичното место и се наоѓа на воените гробишта.

Галерија

Поврзано Српски воени гробишта (Битола) Српски воени гробишта (Скочивир)

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Воени гробишта од Првата светска војна во Македонија Категорија:Добровени