200px|мини|Микаел Пернфорс Микаел Пернфорс (роден на 16 јули 1963 година) е поранешен професионален тенисер од Шведска. Тој стигнал до финалето во поединечна конкуренција за мажи на Отвореното првенство на Франција во 1986 година и го освоил Мастерсот во Канада во 1993 година во градот Монтреал.
Кариера Пернфорс е роден во Малме, Шведска.
Пернфорс играл тенис повеќе со ударот со бекхенд и тоа го правел со двете раце, исто како неговите сонародници Бјорн Борг и Матс Виландер, но тој ја немал нивната конзистентност и се потпирал на игра полна со разновидност. Таквата игра ја правела задоволна публиката.Често користел слободен пад на топчето, а омилен му бил ударот топ спин.
Пред да стане професионален играч, Пернфорс играл тенис две години на колеџот на заедницата Семинол, а потоа играл за Универзитетот во Џорџија во Соединетите Американски Држави и станал првиот играч по Денис Ралстон, од пред две децении, што освоил НЦЦА(Национално колегиумско атлетско здружение) титули во поединечна конкуренција во 1984 и 1985 година.
Во 1986 година, Пернфорс стигнал до своето прво (и единствено) Гренд слем финале во поединечна конкуренција на Отвореното првенство на Франција. Тој ги победил Оливие Делаитре, Стефан Едберг, Роберт Сегусо, Мартин Жаите, Борис Бекер во четвртфиналето и Анри Леконте во полуфиналето. Во финалето тој загубил од тогашниот светски рекет број 1 Иван Лендл со 6:3, 6:2, 6:4 во сетови.
Пернфорс играл за Шведска во финалето на Дејвис купот во 1986 година. Тој победил во еден поединечен натпревар против Пол Мекнеми, а во другиот загубил од Пет Кеш во пет сета - откако ги освоил првите два.Таа година Австралија ја победила Шведска со 3:2. Следната година на Вимблдон тој повторно изгубил водство од два сета, овој пат од Џими Конорс и тоа со резултат од: 1:6, 1:6, 7:5, 6:4, 6:2 откако бил во водство со 6:1, 6:1, 4;1 во третиот сет, а потоа и во водство со 3–0 во четвртиот сет.
Во 1988 година, Пернфорс ја освоил својата прва титула во поединечна конкуренција на највисоко ниво во Лос Анџелес, победувајќи го Андре Агаси во финалето. Неговата втора титула дошла само еден месец подоцна во Скотсдејл во Аризона.
Во четвртото коло на Австралија опен во 1990 година, Пернфорс се соочил со Џон Мекинро. За време на мечот Џон Мекинро бил првиот играч кој бил дисквалификуван според новиот Кодекс на однесување што неодамна бил воведен во тенисот. Мекинро очигледно не знаел дека според новите правила три прекршувања според новиот кодекс ќе значи автоматска дисквалификација, наместо како што било претходно со четири грешки. Пернфорс го добил натпреварот откако Мекинро ги сторил следните прекршоци: се обидел да заплаши линиска судијка, скрши сопствен рекет, а потоа вербално го нападнал главниот судија.
Повредите ги ограничиле настапите на Пернфорс на турнирите во првите неколку години од 1990те години. Тој се вратил на моќен начин во 1993 година за да ја освои најзначајната титула во неговата кариера на Канадскиот опен (дел од тениската Мастерс серија), каде што го победил Тод Мартин во финалето со 2:6, 6:2, 7:5. Неколку недели подоцна тој го победил Матс Виландер во пет сета во второто коло на САД опен, со резултат: 7:6, 3:6, 1:6, 7:6, 6:4.
Пернфорс бил добитник на наградата за играч кој имал најдобар напредок на АТП турнирите во 1986 година, и наградата за играч на годината во 1993 година која му припаѓа на тенисер кој успеал да се врати во тениската игра по пауза.
Пернфорс се повлекол од професионалите турнири во 1996 година по кариерата во која освоил три титули во поединечна конкуренција на највисоко ниво и една титула на игра во двојки. Неговото највисоко рангирање во кариерата во поединечна конкуренција му била светскиот рекет број 10 во 1986 година. Неговата финасиска заработка во кариерата изнесувала 1.363.793 американски долари. Покрај неговите победи над Бекер, Агаси, Мекинро и Мартин, Пернфорс има победи и над Матс Виландер, Пит Сампрас, Стефан Едберг, Џим Куриер, Томас Мустер, Серџи Бругуера и Мајкл Штих.
По повлекувањето од турнирите, Пернфорс е редовен учесник на натпреварите во сениорска конкуренција.
Големи финалиња
Гренд слем финалиња
Поединечна конкуренција 1 (0–1) Исход Година Првенство Подлога Противник Резултат Пораз 1986 година Франција опен Земја Иван Лендл 3–6, 2–6, 4–6
Финале на Мастерс серијата
Поединечна конкуренција1 (1–0) Резултат Година Турнир Површина Противник Резултат Победа 1993 година Канада (Монтреал) Тврда Тод Мартин 2–6, 6–2, 7–5
Финалиња во кариерата
Поединечна конкуренција: 5 (3 титули, 2 второпласиран) Легенда Гренд слем (0-1) Мастерс куп во тенис (0-0) Мастерс серија на АТП (1-0) АТП турнеја (2-1) Резултат бр. Датум Турнир Подлога Противниците Резултат Пораз 1. мај 1986 година Франција опен, Париз, Франција Земја Иван Лендл 3–6, 2–6, 4–6 Пораз 2. февруари 1988 година Мемфис, САД Тврда (i) Андре Агаси 4–6, 4–6, 5–7 Победа 1. септември 1988 година Лос Анџелес, САД Тврда Андре Агаси 6–2, 7–5 Победа 2. октомври 1988 година Скотсдејл, САД Тврда Глен Лајендекер 6–2, 6–4 Победа 3. јули 1993 година Монтреал, Канада Тврда Тод Мартин 2–6, 6–2, 7–5
Двојки (парови): 3 (1–2) Легенда (Двојки) Грен слем титула (0-0) Мастерс куп во тенис (0-0) Мастерс серија на АТП (0-0) АТП турнеја (1-2) Резултат Бр. Датум Турнир Површина Партнер Противници Резултат пораз 1. јули 1987 година Штутгарт, Германија Земја Магнус Тајдман Рик Лич Тим Павсат 3–6, 4–6 Пораз 2. февруари 1988 година Мемфис, САД Тврда(i) Питер ЛундгренКевин КуренДејвид Пејт 2–6, 2–6 Победа 1. мај 1989 година Чарлстон, САД ЗемјаТобијас Свантесон Агустин Морено Хаиме Изага 6–4, 4–6, 7–5
Временска рамка за изведба на поединечна конкуренција Турнир19841985198619871988198919901991199219931994SRПобеда/поразГренд слем турнириАвстралија опенапстиненцијаапстиненцијаНе е одигранапстиненцијаапстиненција3 колочетврт финалеапстиненцијаапстиненцијаапстиненција1 коло0 / 36–3Франција опенапстиненцијаапстиненцијафинале1 коло1 коло1 колоапстиненцијаапстиненцијаапстиненцијаапстиненција1 коло0 / 56–5Вимблдонапстиненцијаапстиненција4 кол04 колоапстиненција2 колоапстиненцијаапстиненцијаапстиненцијаапстиненцијаапстиненција0 / 37–3САД опен1 коло1 коло2 коло1 коло3 коло4 коло1 коло1 коло1 коло2 колоапстиненција0 / 107–10Победи - порази0–10–110–33–32–26–44–20–10–11–10–20 / 2126–21АТП Мастерс серијаИндијан ВелсТурнирите пред 1990 година не биле од серијата на Мастерсапстиненцијаапстиненцијаапстиненцијаапстиненцијаапстиненција0 / 00–0Мајами1 колоапстиненцијаапстиненција3 колоапстиненција0 / 22–2Монте Карлоапстиненцијаапстиненцијаапстиненцијаапстиненцијаапстиненција0 / 00–0Римапстиненцијаапстиненцијаапстиненцијаапстиненцијаапстиненција0 / 00–0Хамбургапстиненцијаапстиненцијаапстиненцијаапстиненцијаапстиненција0 / 00–0Канадаапстиненцијаапстиненцијаапстиненцијапобедаапстиненција1 / 16–0Синсинатиапстиненција2 колоапстиненција1 колоапстиненција0 / 21–2Стокхолмапстиненцијаапстиненцијаапстиненција2 колоапстиненција0 / 11–1Паризапстиненцијаапстиненцијаапстиненцијаапстиненцијаапстиненција0 / 00–0Победа- пораз0–11–10–09–30–01 / 610–5Рангирање4341651233194817524023429940
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1963 година Категорија:Шведски тенисери