Андре Настев Јованоски (6 март 1920 во Турје, Охридско — 7 септември 1943 во Белчишта, Охридско) македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис Андре Настев Јованоски е роден во селото Турје. Бил печалбар. Како младински активист од 1942 година, во НОБ се приклучил на 5 август 1943 година. Како борец на баталјонот Мирче Ацев, загинува кај селото Белчишта, на 7 септември 1943 година.

Наводи

Категорија:Родени во 1920 година Категорија:Починати во 1943 година Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Македонски партизани