Артанскиот мост или Мост на Арта () ― камен мост што ја минува реката Арахтос (Άραχθος) западно од градот Арта (Άρτα) во Грција. Бил обновен многупати низ вековите, почнувајќи од римски или можеби постари темели; сегашниот мост веројатно е отоманска градба од 17 век.

Народната балада „Артански мост“ раскажува приказна за човечки жртви за време на неговото градење. Од баладата произлегле голем број на грчки поговорки и обичајни изрази, поврзани со бескрајни одложувања, како во текстот на баладата: „Цел ден го градеа, а во ноќта ќе се рушеше“.

Историја Според епирскиот хроничар Панајотис Аравантинос, мостот првпат бил изграден во времето на Римската Империја. Некои традиции велат дека бил повторно изграден кога Арта станала престолнина на Епирското Деспотство, веројатно под водство на Михаил II Дука (вл. 1230–1268). Сегашниот мост е отомански, веројатно од 1602-06 или можеби 1613 година.Leontis 1999 Од анексијата на Арта во 1881 година до избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година, највисоката точка на мостот била границата помеѓу Отоманската Империја и Кралството Грција.

Наводи

Извори

Артемис Леонтис, „The Bridge between the Classical and the Balkan“, The South Atlantic Quarterly 98 :4:625-631 (1999) во MUSE За разбирањето на местото на Артанскиот мостот во книжевниот пејзаж.

Надворешни врски

Артански мост, на грчки

Категорија:Средновековни легенди Категорија:Врамена карта без назнака за OSM-однос на Википодатоците Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Мостови во Грција Категорија:Отоманска архитектура во Грција Категорија:Арта