За други значења на поимот Илинден воидете на појаснителната страница

Орденот Илинден - 1903 година — високо македонско одличие за разни заслуги за државата. Именуван е во чест на Илинденското востание кое се одиграло во 1903 година.

Особености Орденот е всушност редизајн на Илинденската споменица од 1951 годинаСлужбен весник на НРМ 23/51 од 27 јули 1951 (страница 1). Орденот има основна форма на четворокрака ѕвезда со димензии од 71 мм. Изработен е од сребро и позлата и не се носи на лента.

Редниот број на орденот, жигот за чистота на металот од кој е изработен и жигот на производителот се втиснати на задниот дел на орденот.

Секој орден и медал има соодветна кутија, во одредена боја, која димензионално одговара на димензиите на одличјата. На поклопецот на кутијата со златовтиснување е името на одличјето.

Лентите за ордените се изработени од маорирана свила во пропишаната боја и димензија.

Критериуми

Орденот Илинден - 1903 година се доделува на:

истакнати личности во борбите за национално и социјално ослободување; за политичките затвореници и лица прогонувани, судени и затворани за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност; за лица, државни органи, установи, владини и невладини организации и слично, кои со нивни посебни залагања придонеле во создавањето на сувереноста, независноста, територијалниот интегритет на Република Македонија; како и за исклучителен придонес за нејзиниот државно - правен и општествен развој и за јакнење на односите на заедниците во Република Македонија и лица за извонредни дела и заслуги на полето на безбедноста и одбраната на Република Македонија, како и за меѓународна соработка на овие полиња.

Добитници

Поврзано Илинденска споменица

Наводи

Категорија:Македонски ордени и одликувања