Најде Трајчев Кочоски (1911 во Велмеј, Охридско — 16 ноември 1944 во Зајас, Кичевско) македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис Најде Трајчев Кочоски е роден во селото Велмеј. Се занимавал со земјоделие. Во НОБ стапил доброволно на 28 август 1944 година. Како борец на Петнаесетата македонска бригада загинува во борбите против балистите кај Зајас, на 16 ноември 1944 година.

Наводи

Категорија:Родени во 1911 година Категорија:Починати во 1944 година Категорија:Учесници во НОБ