Злата Димко Маџовска (1920 - ?) — просрпска четничка во Македонија, дел од Равногорското движење.
Животопис Злата Димко Маџовска е родена во селото Самоков, Порече, на 26 или 27 декември 1920 година. Татко и се викал Димко, брат и Велимир живеел во Ропотово. Таа била партнерка на еден од водачите на Равногорското движење во Македонија, Миливоје Трбиќ - Војче. По уништувањето на четничкото движење во Македонија. Миливоје Трбиќ и Злата Маџовска се криеле илегално во селата Гостиражни, Рилево, Браилово, Зрзе, кај свои луѓе. За време додека се криел, Трбиќ имал план да побегне заедно со Маџовска во Грција, но до тоа не дошло, зошто во 1947 година, Маџовска и Трбиќ биле уапсени. Маџовска затворската казна ја издржувала во Скопје, додека Трбиќ добил смртна казна, и во септември 1947 бил стрелан.
Наводи
Категорија:Родени во 1920 година Категорија:Четници Категорија:Србомани