десно|мини|267x267пкс| Теогефиро. Теогефиро ― поранешен природен лаковен мост над реката Тијамис во Епир, Грција. Се наоѓал во општина Зица, во округот Јанина. Тој бил природен споменик и едно од најпознатите знаменитости на Епир. Природниот мост се урнал на 8 февруари 2018 година, поради интензивните врнежи.

Мостот Мостот се наоѓал над реката Тијамис, наречена и Каламас. Тој бил творба на природата, бидејќи водите на Тијамис ги ископале долните карпи, оставајќи ги непроменети горните карпи и создавајќи го природниот лаковен мост. Мостот бил 3 метри ширина и 4 метри висина. Долги години им помагал на патните комуникации на овој крај. Во доцните години, областа била прогласена за археолошко наоѓалиште и споменик на природата. Мостот се урнал на 8 февруари 2018 година поради интензивните врнежи.

Наводи

Надворешни врски

Општина Зица, Теогефиро Категорија:Пешачки мостови Категорија:Мостови во Грција