Свети Архангел Михаил — главна селска црква во кавадаречкото село Клиново, Македонија.

Местоположбата

Црквата се наоѓа во некогашното село Клиново, во кое денес црквата е еден од ретките зачувани објекти.

Историја

За црквата не се зачувани никакви историски извори. Во неа нема натпис.

Во 1860 година, до нејзе била изградена нова црква со големи димензии, исто така посветена на Архангел Михаил. Денес, обете цркви се напуштени.

Архитектура

Ова е еднокорабна градба со полукружна олтарна апсида на источната страна. Изградена е од плочест камен.

Фрескоживопис

Од фреските е зачуван само еден фрагмент во олтарната конха, од претстава на Богородица Ширшаја. Живописот сличен на оној од црквата „Св. Атанасиј“ во Галиште и најверојатно датира од крајот на XVII век.

Галерија

Поврзано Клиново Повардарска епархија Кавадаречко архијерејско намесништво Ваташка парохија

Наводи

Надворешни врски

Клиново